Бразилецот имаше што да види: Реакцијата на Кутињо по нестварниот пас на Меси (Видео)

barsa-selta-mesi

Филипе Кутињо денеска за првпат се најде на трибините на „Камп Ноу“, а мора да се напомене дека имаше што да види за време на првото полувреме кое го одиграа неговиот нов клуб Барселона и Селта Виго.

Барселона буквално ги разби гостите од Галиција и за само половина час игра имаше водство од 4:0, а посебно убав беше третиот гол на домаќините кои беше во режија на Лионел Меси. Аргентинецот уште еднаш ја покажа својата магија на дело и со нестварен пас успеа да го проигра Алба кој претходно му ги намести првите два гола, а за какво ремек-дело стануваше збор најдобро ни отсликува реакцијата на Филипе Кутињо кој остана воодушевен од случувањата на теренот….

Facebook Коментари