Поврзете се со нас

Италија

Бразилецот џабе се правдаше: Како Луиз Фелипе го „јавна“ Кореа и заработи директен црвен картон (ВИДЕО)

Објавено

на

Дербито меѓу Лацио и Интер заврши со победа на домаќините од 3-1, но оваа средба донесе и контроверзни моменти, тензија која беше заокружена по последниот судиски свиреж.

Имено домашниот дефанзивец тргна да слави со доскорешниот соиграч Хоакин Кореа кој сега е дел од Интер, односно го „јавна“ по што Аргентинецот очекувано реагираше. За овој потег Бразилецот доби црвен картон од судијата Ирати, а фудбалерот на Лацио не можеше да поверува на очите за таквата одлука, па дури и заплака.

Фелипе на теренот се обидуваше да објасни дека само потскокнал над Кореа, меѓутоа снимките јасно покажуваат дека едноставно му се качи на грбот на Аргентинецот со кого се во добри пријателски односи, меѓутоа без разлика на тоа ова не смееше да го направи.

Оваа снимка најдобро ја покажува целата ситуација и мешаницата која настана по истата како и заслуженаат казна за стоперот на лацијалите.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни