АТП
Бразилец стана прв активен АТП играч кој „потврди“ дека е хомосексуалец
До денеска малкумина што ги следат тениските случувања имаа слушнато за Жоао Лукаш Реиш да Силва, но тоа ќе се промени поради потегот на бразилскиот тенисер.
Тенисерот кој во моментов се наоѓа на 367 место на АТП ранкингот излезе со отворено признание дека е хомосексуалец и стана прв активен играч кој направил такво нешто во историјата на овој спорт.
Да Силва решил храбро да се соочи со очекуваните предрасуди и негативни коментари на негова сметка, со што веројатно ќе охрабри и други тенисери и спортисти да го следат неговиот чекор.
Бразилецот не ја открил својата сексуална ориентација со директно признание, туку објавувајќи фотографија со која му честиташе јубилеј на својот партнер.
– Среќен јубилеј, те сакам многу, – напишал Да Силва во описот на фотографијата.
Joao Lucas Reis Da Silva comes out as the first gay male tennis player (I think)
Holger Rune no longer has to hide ❤️ pic.twitter.com/QupLNKr2Gs
— Zhang Shuai of Gambling (@mseprops) December 9, 2024
Бразилскиот тенисер минатата година стигна на прагот на Топ 200 на АТП ранкингот, а веќе има освоено три ИТФ титули.
-
АТП10 часа
Гласна птица го деконцентрираше Ѓоковиќ, сцената стана вирален хит (Видео)
-
Англија19 часа
Аморим за Рашфорд: Дали го одигра неговото за Јунајтед? Мора да го претставува клубот…
-
АТП19 часа
Елиминиран поранешниот финалист на АО, Синер преку тај-брејкови до прва победа (ВИДЕО)
-
Англија20 часа
Фернандеш го мина Бекам со атрактивниот гол против Арсенал (ВИДЕО)
-
Шпанија20 часа
Откриена пораката која му ја испратил Перез на Модриќ по „петардата“ во финалето: Понекогаш мора…. (Видео)
-
Италија17 часа
Конте за Кварацхелија: Тој не ме разочара, мислев…
-
АТП16 часа
Алкарас со убедлив триумф тргна на Австралија Опен (ВИДЕО)
-
Англија15 часа
Артета: Ако од 1000 натпревари мораш да загубиш еден…