Поврзете се со нас

Свет

Бразилците повторно го контактирале Анчелоти

Објавено

на

Бразилската фудбалска конфедерација ги обновила контактите со Карло Анчелоти, на кого повторно му е понудена селекторската функција.

Нецели 24 часа по тешкиот пораз од Аргентина, шпанските медиуми објавија дека Бразилците ја реактивирале идејата за соработка со актуелниот тренер на Реал Мадрид.

Претходно, Анчелоти долго преговараше да стане бразилски селектор, но Реал не му дозволи да ја реализира идејата, обезбедувајќи го неговото останување со нов договор.

Убедливиот пораз на дербито отвори шпекулации за отказ за актуелниот селектор Доривал, по што Анчелоти е главен избор за негов наследник.

Епилогот на актуелната клупска сезона и бројот на трофеи на Реал веројатно ќе имаат главна улога во преговорите, па останува да се види дали Италијанецот ќе добие можност да ги води Бразилците и на СП во 2026 година.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни