Светски првенства
Бразилците погодени и од вирус, неколку репрезентативци висат за дуелот со Швајцарија

Бразилската репрезентација стартуваше на мундијалот со победа и важни три бода, но на одреден период ги загуби Нејмар и Данило.
Двајцата стартери заработија повреди на зглобот на ногата на дуелот со Србија и неизвесно е кога ќе бидат подготвени за враќање во составот, додека е веќе јасно дека сигурно ќе ги пропуштат натпреварите од групната фаза.
Но, тоа не е единствениот проблем на селекторот Тите во пресрет на утрешното соочување со Швајцарија.
Бразилските медиуми објавија дека во националниот тим се проширил и стомачен вирус, па уште неколку фудбалери не биле во состојба да тренираат рамноправно со колегите.
Најмногу на удар биле Алисон, Пакета и Ентони, тројца репрезентативци кои пропуштиле неколку тренинг сесии и за кои последната одлука веројатно ќе биде донесена непосредно пред мечот.
Бразил и Швајцарија досега имаат по една победа, па ова ќе биде и соочување за првото место во групата.
-
Светпред 21 час
Судот во Мадрид ги нападна УЕФА и ФИФА и донесе пресуда во корист на Суперлигашите
-
Германијапред 22 часа
Кансело позираше со новиот дрес и со само пет збора се прости од Сити (Фото)
-
АТПпред 24 часа
Момент кој не се виде во телевизискиот пренос: Прославата на Ѓоковиќ по последниот поен од вистински агол (Видео)
-
Англијапред 16 часа
Јунајтед договори засилување од Баерн (ВИДЕО)
-
Македонијапред 22 часа
Антиќ со совет до младите кошаркари: Не гледајте НБА лига, Јокиќ игра со 50 проценти!
-
Италијапред 13 часа
Марота: Нема повеќе клупски легенди, мораме да ја почитуваме одлуката на Шкриниар
-
Англијапред 16 часа
Беше шокиран: Реакцијата на Кукуреља за трансферот на Жоржињо во Арсенал (ВИДЕО)
-
Англијапред 12 часа
Челси и Бенфика конечно се договорија: Енцо Фернандез за рекордна сума се сели на „Стемфорд Бриџ“