Поврзете се со нас

Свет

Бразилците извисија за Анчелоти, сега притискаат за друг елитен стручњак

Објавено

на

Foto:twitter.com/FIFAWorldCup

Бразилската фудбалска конфедерација до последен момент очекуваше дека Карло Анчелоти ќе прифати да биде нов селектор од јуни, но италијанскиот стручњак реши да го продолжи договорот со Реал Мадрид.

Анчелоти сега веќе не е алтернатива за „селесао“, а одговорните за ова прашање имаат нов фаворит и тој се вика Жозе Мурињо.

Бразилците инсистираат за тренер со богато „си-ви“ и освоени престижни трофеи и го свртеле вниманието кон Португалецот, кој сигурно ќе добие примамлива понуда.

Мурињо во минатото изјавуваше дека сака да се испроба и како селектор, но во моментов се чини дека приоритет му е нов договор со Рома.

Сепак, доколку раководството на италијанскиот клуб не реагира брзо и не го убеди Мурињо дека треба да остане во Рим, нема да биде изненадување да го видиме „Специјалниот“ како бразилски селектор уште на Копа Америка.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни