Поврзете се со нас

Англија

Бразилците излегоа со тврдење дека на земјата стапнале вонземјани, заклучокот на Крауч стана вирален хит (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/petercrouch

Питер Крауч имаше блескава играчка кариера и благодарение на својот труд успеа да стигне до клубови како Ливерпул и Тотенхем, но едно време беше и редовен во англиската фудбалска репрезентација.

Високиот напаѓач беше навистина непредвидлив со своите движења и претставуваше голема опасност за противниците, а покрај тоа што ќе остане во сеќавање како еден од највисоките фудбалери во историјата, фановите го паметат и како еден од најхаризматичните.

Смислата за хумор која ја има Крауч ги плени фудбалските фанови и по крајот на неговата кариера, бидејќи Питер често знае да се истакне со комични коментари при гостувањата во ТВ студијата, но и преку социјалните мрежи.

Последната реакцијата на Крауч за едно тврдење на Бразилците стана посебно вирална, а истата е одговор на тврдењата дека во јужноамериканската земја биле видени вонземјани кои биле високи по три метри.

– Бевме на годинешен одмор со семејството. Ве молам да ја почитувате нашата приватност додека го правиме тоа…..

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни