Поврзете се со нас

Олимписки игри

Бразилците ги истролаа Аргентинците по елиминацијата од ОИ (ФОТО)

Објавено

на

Селекцијата на Бразил успешно ја заврши групната фаза на фудбалскиот турнир на Олимписките Игри во Токио и како првопласирана обезбеди место во четвртфиналето каде ќе се соочи со Египет.

„Кариоките“ претходно си ја завршија работата, па имаа можност да го проследат дуелот меѓу Шпанија и Аргентина кој заврши 1-1, резултат кој значеше елиминација на „гаучосите“.

Оваа елиминација наиде на одобрување кај Бразилците кои одлучија да ги остролаат големите ривали од Јужна Америка.

-Чао мали браќа, -порача Даглас Луис кој беше заедно во друштво на Ришарлисон, Куња и Реинер Жежус.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни