Поврзете се со нас

Свет

Бразил се разигра и испорача „четворка“ против Парагвај, Колумбија веќе е во нокаут фазата (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:x.com/golazo_america

Поранешниот светски шампион Бразил ја забележа првата победа на овогодинешното издание на Копа Америка и тоа во соочувањето со Парагвај кое го реализира со убедливи 4-1.

„Кариоките“ добија доста критики по средбата со Костарика која заврши без голови, критики кои дефинитивно ги мотивираа и забележаа убедлив триумф во Невада.

Пакета прво не реализираше пенал, но Винисиус Жунир (2) и Савио му донесоа водство на фаворитот од 3-0 по 45 минути.

Надежите за Парагвај ги врати Алдерете со атрактивниот гол во 48 минута, но крај на сите дилеми околу победникот ако постоеа ги реши Пакета во 65 минута.

Во истата група Колумбија ја реши Костарика со 3-0 и обезбеди место во четвртфиналето. Дијаз, Санчез и Кордоба беа автори на трите погодоци.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни