Поврзете се со нас

Свет

Бразил разочара, Нејмар порача: Винисиус не е клучен играч

Објавено

на

Foto:twitter.com/CBF_Futebol/Vitor Silva / CBF

Нејмар со многу стрес и емоции го проследи натпреварот на Бразил против Коста Рика, па за камерманот доста често најинтереесни беа неговите реакции од трибините.

Големата ѕвезда не игра на Копа Америка поради тешката повреда на коленото и мора да се признае дека нависитна и недостасува на репрезентација, без оглед на фактот што во тимот има големи играчи како Винисиус, Родриго, Рафиња, Пакета и Ендрик.

Популарниот Неј мораше да гледа како неговите сонародници пропуштаат безброј шанси и како им беше поништен еден гол во ремито од 0:0, а доста внимание привлече и изјавата која ја даде за новата „десетка“ во негово отсуство.

– Клучен играч во овој Бразил за мене е Родриго, не е Винисиус. Вини ќе одигра се што знае и умее, но Родриго е тој кој може да направи разлика.

– Тој е новата десетка и сигурен сум дека овој број ќе му донесе среќа на Копа Америка, – изјави Нејмар.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни