Поврзете се со нас

Светски првенства

Бразил остана перфектен: Нејмар танцуваше на теренот, а потоа и за време на прославата (Видео)

Објавено

на

Бразил остана перфектен во јужноафриканските квалификации за Светското фудаблско првенство и стигна до петтата победа на петтиот натпревар, пред се благодарение на Нејмар кој беше навистина расположен за игра во Порто Алегре.

Бразилците долго се мачеа да го скршат отпорот на цврстиот Еквадор и не го пронаоѓаа патот до голот и покрај силниот притисок, но во 65-та минута ставија крај на ваквиот тренд и Ришарлисон го отвори резултатот по додавање на Нејмар.

Фудбалерот на ПСЖ беше најдобар поединец на теренот и стигна до 44-та асистенција во својата кариера како претставник на бразилскта фудбалска репрезентација, а потоа во судиското надополнување го постигна и својот 65-ти гол за само 104 настапи.

Нејмар погоди од пенал за конечни 2:0 и петта победа на Бразил, а покрај тоа што фудбалски танцуваше на теренот, заигра и за време на прославата во друштво на Пакета.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни