Поврзете се со нас

Свет

Бразил не победи и си ги закомпликува работите: Мега дерби во четвртфиналето на Копа Америка (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/FCFSeleccionCol

Бразил дефинитивно не игра онака како што посакува на новото издание на Копа Америка, па најдобра вест за „кариоките“ е самиот факт што ќе играат во четвртфиналето.

Во мечот кој одлучуваше за првото место и полесен ривал во следната фаза, Бразил одигра 1:1 со Колумбија и така заврши на второто место, па со тоа се осудија на мега тежок противник во првата нокаут рунда.

Рафиња со мајсторски гол од слободен удар донесе водство за Бразил откако претходно Хамес Родригез ја погоди гредата, но и по примениот гол, Колумбија беше подобар и поконкретен тим на теренот.

Колумбијците постигнаа брз гол и истиот беше поништен поради офсајд, но оној вториот на Муњоз беше регуларен и така резултатот беше 1:1 пред самиот крај на првиот дел.

Бразил имаше цело второ полувреме за да стигне до гол и победа, но наместо тоа, мораше да се задоволи со реми кое им носи дерби со разиграниот Уругвај во четвртфиналето.

За да биде уште потешко, Винисиус направи глупост и уште во шестата минута доби жолт картон, па така ѕвездата на Реал нема да игра против тимот на Марсело Биелса.

Четвртфинални парови на Копа Америка:

Аргентина – Еквадор

Канада – Венецуела

Колумбија – Панама

Уругвај – Бразил

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни