Поврзете се со нас

Свет

Бразил ќе ја прокоцкаше победата, новиот тандем на Реал донесе драматичен триумф (Видео)

Објавено

на

Фото: Credits: Rafael Ribeiro/CBF

Бразилската фудбалска репрезентација е меѓу главните фаворити за победа на претстојната Копа Америка, а подготовките ги започна со пријателски натпревар против Мексико (3:2).

„Селесао“ стигна до солидна предност со головите на Переира и Мартинели, но тоа не ги откажа Мексиканците, кои до крајот се изборија за целосно враќање во мечот.

По голот на Кињонес во 73. минута, Мартинез донесе израмнување во 92. минута, па фановите веќе помислија дека Мексико се изборил за реми против фаворитот.

Сепак, така не мислеа и новите соиграчи од Реал Мадрид, па Винисиус испрати одлично нафрлување кон Ендрик, а новата ѕвезда на Реал со глава погоди во 96. минута за конечни 3:2.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни