Поврзете се со нас

Лига на нации

Бразил и Аргентина ќе играат во проширеното издание на Лигата на нации

Објавено

на

УЕФА планира да ја прошири Лигата на нации со учество на сите јужноамерикански репрезентации веќе од 2024 година, тврди потпретседателот Збигњев Боњек.

Потегот е индиректен одговор на ФИФА за одржување светско првенство секоја втора година, при што УЕФА и КОНМЕБОЛ заеднички ќе се обидат да го оневозможат проектот на Светската фудбалска федерација.

– Ова е последно издание на Лигата на нации во ваков формат.

– Имавме состанок со КОНМЕБОЛ, од 2024 година репрезентации од овој континент ќе учествуваат во натпреварувањето. Се уште работиме на форматот и календарот, – истакнал Боњек.

Се очекува шесте најдобро рангирани јужноамерикански селекции да бидат вклучени во А лигата од Лигата на нации, што значи дека на најквалитетните европски селекции ќе им се приклучат ривали како Бразил, Аргентина, Уругвај и Колумбија.

Сите натпревари би се играле во Европа, со што би се намалиле патувањата на фудбалерите и би се избегнал лош прием кај клубовите.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни