Лига на шампиони
Бравурата на „Кварадона“ од вистински агол: Мартинез немоќен, Дисаси едвај се додржа на нозе (Видео)

Квича Кварацхелија инсистираше да направи трансфер во ПСЖ на средина на сезоната и во прв момент малкумина можеа да го сфатат тоа, но после три месеци во Париз, навивачите на францускиот шампион веќе се заљубени во грузискиот фудбалски мајстор.
ПСЖ вчера славеше со пресврт против Астон Вила и си го трасираше патот кон полуфинале во Лигата на шампионите, а најдобар играч на мечот беше токму Кварацхелија.
Квича го доби МВП признанието од УЕФА по крајот на мечот кој заврши 3:1, награда која дефинитивно ја заслужи поради прикажаното на теренот, но и поради евроголот кој го постигна за 2:1.
Човекот кој го доби прекарот „Кварадона“ во Неапол со соло-акцијат потсети на славниот Дон Диего Марадона, а мајсторскиот гол бил „уловен“ и од вистински агол од трибината.
Еден фан на ПСЖ презентираше уникатен агол од фудбалската мајсторија која ја режираше Кварацхелија, а по која Дисаси едвај се додржа на нозе.
Елегантното движење и перфектната завршница на Кварацхелија со послабата лева нога го прават овој погодок кандидат за гол на сезоната, бидејќи мора да се нагласи дека се изгледаше совршено во целата акција.
Kvaraaa🤯🤯#PSGAVFC #kvara #kvaratskhelia pic.twitter.com/uiUCA7KULn
— Samcro (@kirua934) April 9, 2025
-
Шпанија16 часа
Не е се идилично: Еден играч на Барса не сака да го слуша ниту тимскиот говор на Ханси Флик (Видео)
-
НБА12 часа
Јокиќ се кае за одлуката во последниот напад на Денвер (ВИДЕО)
-
НБА15 часа
Моќно издание на Ленард, Клиперс го освои Денвер (ВИДЕО)
-
Лига на шампиони13 часа
Фиго има фаворит за титулата во ЛШ: Тие имаат…
-
Англија10 часа
Харгривс има трансфер предлог за Арсенал како замена за Парти
-
Италија13 часа
Интер договара офанзивец од Франција (ВИДЕО)
-
Англија11 часа
Баптиста за договореното засилување на Челси: Тој е најдобриот играч…(ВИДЕО)
-
Германија14 часа
Леверкузен се подготува за заминување на Алонсо: Имаме џентлменски договор со него…