Бравура на Ирвинг: Ја измеша цела одбрана на Лејкерс и го крена на нозе „Ти-Ди Гарден“ (Видео)

Претходната ноќ во НБА лигата беа одиграни пет натпревари од кои секако посебен акцент се стави на пресметката на големите и лути ривали, Бостон Селтикс и Лос Анџелес Лејкерс.

„Келтите“ победија со 107-96 во меч во кој најефикасен беше центарот Арон Бејнс со 21 поен и 8 скокови, но потегот на мечот и на денот во НБА лигата го имаше плејмејкерот Кајри Ирвинг кој во свој стил ја измеша одбраната на „езерџиите“ и поентираше за ерупција на „Ти-Ди Гарден“.

Facebook Коментари