Поврзете се со нас

Лига Европа

Бравура и молк во Белград: Соиграч на Тричковски си поигра со пет играчи на Партизан и постигна страшен гол (Видео)

Објавено

на

Foto:instagram.com/aeklarnacaofficial

Иван Тричковски со години наназа е најдобар играч на АЕК Ларнака и тоа го нагласи и тренерот Орта, кој сепак порача дека вчеравечер не го играл Македонецот против Партизан поради технички и тактички причини.

Колку и да му се суди за потегот, конечниот резултат 2:2 оди во негов прилог и АЕК успеа да го елиминира Партизан среде Белград, а начинот на кој се случи тоа беше неверојатен.

Херој за гостите беше Фараж, крилниот фудбалер на АЕК кој изведе вистинска бравура по десната страна, а потоа биеше неодбранливо со левата нога.

Соиграчот на Тричковски нанижа четворица играчи на Партизан и си поигра со нив, реагираше побрзо и од петтиот чувар, за на крај немоќен да биде и голманот Поповиќ.

Првиот натпревар на Кипар заврши 2:1, па со вкупни 4:3, АЕК се пласираше во завршната плејоф рунда во Лигата на Европа.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни