Поврзете се со нас

АТП

Браво мајсторе: Ивановски покажа карактер и со фантастичен кам-бек избори финале во Мадрид

Објавено

на

Најдобриот македонски тенисер, Калин Ивановски се избори за финале на ИТФ фјучерсот што се одржува во Мадрид (Шпанија).

Калин по една голема борба и неверојатен пресврт успеа да слави над Сидан Понтјодикромо (Холандија), па утре против четвртиот носител Марк Хаус ќе се обиде да дојде до третата титула во оваа календарска година.

Нашиот ас го доби првиот сет на дуелот со Понтјодикромо (6-4), меѓутоа во вториот Холанѓанецот имаше комплетна контрола, доминација и со 6-1 го одведе мечот во трета решавачка битка.

Воден од таа енергија Сидан продолжи да притиска, да го надигрува Ивановски и дојде до водство од 5-2 во гејмови, односно на чекор до победа. Од тука започна шоуто на македонскиот тениски бисер кој успеа да ги добие наредните пет гејма и со 7-5 да избори триумф на централниот терен.

Ова е турнир што се игра на тврда подлога за награден фонд од 15.000 долари.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни