Браво демантираше дека го нарачал убиството на Ковачевиќ: Ова е сценарио за Нетфликс, па ние сме…

bravo-kovacevic

Некогашниот член на Реал Мадрид и поранешен шпански репрезентативец, Раул Браво конечно се огласи и одговори на обвинувањата дека вмешан во обидот за убиство на Дарко Ковачевиќ.

Ковачевиќ беше застрелан пред својот дом во Глифада, а дел од медиумите пренесоа дека токму Браво бил тој кој го нарачал убистовото на некогашниот напаѓач на Јувентус, Лацио и Реал Сосиедад.

-Овие работи не ме погодуваат толку мене колку што влијаат врз моето семејство, ова за нив е голем шок. Знаев дека Дарко ќе се насмее кога ќе го види моето име и наводната вмешаност. Му требаа два дена да ми се јави и единствено за тоа му замерувам. Дарко ми се јави и по разговорот сфативме дека тоа што се зборува е потполна лудост. Бевме цимери и имавме многу добра врска. Никогаш не сме влегле во конфликт. Нетфликс не би успеал да состави ваква приказна за филм, -рече Браво за „Марка“.

Facebook Коментари