Поврзете се со нас

Свет

Браун со совет до Роналдо: Мора да замине во САД и да го врати ривалството со Меси

Објавено

на

Foto:x.com/selecaoportugal

Кристијано Роналдо до 2023 година го носи дресот на Ал Наср, клуб со кој официјално има договор до крајот на оваа сезона и тоа е доволна основа за разни шпекулации, информации околу неговата иднина.

Него го поврзуваат со преселба во друг клуб во Саудиска Арабија, враќање во Европа…, но засега Португалецот останува посветен на составот од Ријад.

Вест Браун многу добро го познава напаѓачот од времето поминато во Манчестер Јунајтед, па го советува некогашниот колега да прифати нов предизвик и да се пресели во Соединетите Американски Држави каде би го обновил ривалството со Лионел Меси кој настапува за Интер Мајами.

-Кристијано Роналдо мора да замине во Америка, особено поради тоа што таму е и Лионел Меси. Го гледав Роналдо како игра неколкупати и беше на добро ниво, тој постигнува голови и изгледа толку фит за неговата возраст, сè уште спринта на 40 години. Тој сака да игра онолку долго колку што може и е играч кој може да избере каде сака да игра следно.

-Тој нема да ги закачи копачките во скоро време и ќе продолжи да руши рекорди. Тој беше на неколку места сега и би сакал да го видам да ја додаде Америка на списокот. Тој во последно време постигнува повеќе голови од Меси и би било прекрасно повторно да се видат како ривали, -истакна Браун за „Спортс Дејли“.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни