Поврзете се со нас

НБА

Браун се погрижи за историја во дерби победата над Лејкерс, Кари и Голден Стејт врзаа четири триумфи (Видео)

Објавено

на

Дербито на вечерта во американската НБА лига се играше во „Стејплс Центарот“, а во домот на „езерџиите“ историја испиша еден играч од редовите на лутиот ривал на Лејкерси.

Бостон успеа да ги искористи отсуствата на најголемите ѕвезди во Лос Анџелес и победи со 113:121, ноќ која ќе се памети по историјата која ја направи Џејлен Браун. Плејмејкерот на Селтикси стана првиот играч во историјата на Бостон кој постигнал 40 поени на еден натпревар со реализација од 85 проценти на испратените шутеви, па сосема јасно, беше прво име на паркетот во победата на „зелените“.

Браун во историската шутерска ноќ придодаде уште 9 скокови и 3 асистенции, а колку беше доминантен на паркетот најдобро говори тоа што вториот најдобар стрелец на мечот постигна 19 поени (Хортон Такер од Лејкерс).

Од останатите средби во скромната НБА програма, Голден Стејт врза четврти триумф во низа и продолжи да се искачува на табелата, откако победи на гостувањето кај Кливленд со 101:119.

Лидер одново беше Стеф Кари, кој иако немаше најдобар процент на реализирани тројки (4 од 13), мечот го заврши со 33 поени, 4 скокови и 5 асистенции.

Изминатава вечер се одиграа уште два натпревари, на кои Милвоки славеше на гостувањето кај Атланта со 109:120, а Феникс како домаќин го победи Сакраменто со 122:114.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни