Англија
Браун: Погба по третпат во Јунајтед? Тоа сценарио…
Пол Погба ќе може да се врати на терените во 2025 година и тоа откако ќе му истече казната во месец март.
Јувентус одлучи да расчисти со него, па Французинот како слободен играч ќе може да ја избере новата дестинација во кариерата. Повеќе од јасно е дека Погба не смее да згреши со изборот ако сака соодветно да му се врати да фудбалот, да покаже дека се уште е квалитетен и може да настапува на највисоко ниво, па дефинитивно е интересно кој е тимот кој ќе му ја даде таквата шанса.
Се споменува преселба во МЛС, потоа враќање дома и тоа во редовите на Олимпик Марсеј, но има и такви срамежливи информации дека би можел да добие трета шанса во Манчестер Јунајтед, сценарио во кое не верува некогашниот дефанзивец на премиерлигашот Вес Браун.
-Не сум сигурен дали Пол Погба ќе се врати во Јунајтед по трет пат. Не можам да видам дека се случува. Пол очигледно, како индивидуален играч, тој е апсолутно класа. Отсекогаш ми се допаѓало како играше. Доби многу удари, но нема сомнеж во неговата способност како поединец. Тоа што е надвор од теренот 18 месеци, ќе биде тешко, ќе му треба малку време за да се врати на нивото што претходно го имаше.
-Знам дека ќе тренира некаде, но тоа е малку поинакво тренирање во изолација, а не со играчи од светска класа. Некој дефинитивно ќе го земе, без сомнеж за тоа, но не можам да видам дека тоа ќе биде Манчестер Јунајтед ако бидам искрен, -смета Браун.
-
АТП15 часа
Гласна птица го деконцентрираше Ѓоковиќ, сцената стана вирален хит (Видео)
-
Англија24 часа
Аморим за Рашфорд: Дали го одигра неговото за Јунајтед? Мора да го претставува клубот…
-
Италија22 часа
Конте за Кварацхелија: Тој не ме разочара, мислев…
-
АТП24 часа
Елиминиран поранешниот финалист на АО, Синер преку тај-брејкови до прва победа (ВИДЕО)
-
Шпанија14 часа
Апелацискиот суд донесе пресуда за инцидентот на Винисиус со Димитриевски
-
Англија11 часа
Мегваер посебно среќен за соиграчот кој доживеа понижување на „Олд Трафорд“: И јас минав низ истото
-
Шпанија14 часа
Анчелоти пронајде само една светла точка во болниот пораз од Барса
-
АТП19 часа
Тинејџер му зема сет на Ѓоковиќ, Србинот одговори и обезбеди билет за второто коло во Мелбурн (ВИДЕО)