Евролига
Браун направи глупост во последната секунда, Звезда му зема мерка на големиот ривал (ВИДЕО)

Кошаркарите на Црвена Звезда издвојуваа драматична победа над Партизан од 73:71 во големото српско дерби во Евролигата.
Беше пеколно, драматично, неизвесно и борбено од првата до четириесеттата минута во Белград, одлучија нијанси со тоа што малку недостасуваше мечот да оди во продолжение, дополнителен „период“.
Имено Џонс на 69 секунди до крајот реализираше едно од двете слободни фрлања за 71:71, резултат кој беше активен до една секунда пред звукот на сирената кога глупост направи Браун кој беше преагресивен, наседна на финтата на Недовиќ кој доби шанса да шутира три „пенали“. Првите два ги реализираше, последниот намерно го промаши за да домаќините немаат шанса да направат било какво „чудо“.
Со ова „црвено-белите“ израмнија на 1-1 во меѓусебните дуели со лутиот ривал во оваа сезона во Евролигата. Петрушев со 17 поени и 8 скока беше најдобар поединец, зад него беше Боломбој со 14 кошеви и исто 8 скокови. Карлик Џонс со 20 кошеви беше најефикасен кај домаќините, ама Американецот промаши и три слободни фрлања.
Останати резултати:
Фенербахче-Виртус Болоња 95:81
Монако-Реал Мадрид 77:73
Олимпијакос-Анадолу Ефес 92:89
-
НБА16 часа
Најавите се остварија: Богдановиќ ја замени Атланта со Лос Анџелес
-
Шпанија24 часа
Марсело со емотивно видео објави крај на кариерата: Мадридизмот не се опишува со зборови
-
Италија14 часа
Шампионот настрада на „Артемио Франки“: Фиорентина го потопи Интер во продолжениот меч во Серија А (ВИДЕО)
-
Англија14 часа
Ливерпул го уништи Тотенхем и ќе се бори за трофејот во Лига Купот (ВИДЕО)
-
Англија23 часа
Јоро откри каква Ватсап подготовка добиваат дефанзивците од Аморим пред секој натпревар на Јунајтед
-
Шпанија5 часа
Ханси Флик за една своја ѕвезда: Тој не се споредува со ниту еден друг играч во светот
-
Шпанија22 часа
Капитен на шпански прволигаш оди на принудна пауза поради тешка болест: Ми се врати ракот (Видео)
-
Франција20 часа
Луис Енрике: Ви реков дека ќе бидеме подобри во одбрана и во напад без Мбапе!