Поврзете се со нас

Евролига

Браун и пресуди на Звезда во последната секунда, Басконија го пронајде лекот за ЦСКА Москва (ВИДЕО)

Објавено

на

Кошаркарите на Фенербахче ја издвојуваа најдраматичната победа на петте вечерашни средби од 18. коло во Евролигата,

Турскиот претставник славеше во Белград над Црвена Звезда со 73-71 и тоа со погодокот на Браун во последната секунда. Лоренцо кој лани го носеше дресот на „црвено-белите“ тргна во контра по промашувањето на Колом, се ослободи од Добриќ и погоди низ мрежата на домаќините за голем триумф на Фенербахче.

Токму Американецот заедно со Пјер беа најефикасни кај Фенер со по 13 кошеви, на спротивната страна листата на стрелци ја предводеше О’Брајант со 17 кошеви.

Басконија пак го пронајде лекот за ЦСКА Москва и на „армејците“ им го нанесе првиот пораз во Евролигата од месец октомври. Русите допатуваа во Шпанија со 12 победи во низа, а тоа дефинитивно ги мотивираше домаќините кои со квалитетна игра низ сите 40 минути се изборија за славје од 95-93.

Полонара и Хенри со по 18 поени беа најефикасни кај шпанскиот првак, додека Џејмс за ЦСКА уфрли 20 кошеви.

На останатите средби Барселона ја прекина лошата низа на резултати и славеше над Валенсија со 89-72, Макаби како гостин ја доби Алба (85-73), додека Зенит во Атина беше подобар од Панатинаикос со 89-77.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни