Поврзете се со нас

НБА

Браун доминираше на теренот, Бостон го зголеми водството против Индијана

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/celtics

Џејлин Браун повторно имаше пресуден ефект во соочувањето на Бостон и Индијана во финалето на источната конференција од НБА лигата и Селтикс веќе поведоа со 2:0 по две средби на домашен терен.

Победата (126:110) на домаќините беше најавена уште во вториот период, а индиректно потврдена во третиот, во кој Тајрон Халибартон обнови стара повреда и мораше да замине во соблекувалната.

Браун уште еднаш бил посебно мотивиран во плејоф средбите, посебно откако не се најде во изборот на првите три НБА петорки, па го заврши натпреварот со 40 поени, со што уште еднаш бил најдобар поединец на теренот.

Тејтум и Вајт додале по 23 поени во дресот на Селтикс, додека кај Индијана најефикасен бил Сиакам со 28 поени. Халибартон принудно го напуштил теренот кога веќе имал 10 поени и 8 скокови.

Третиот и четвртиот натпревар ќе се играат на теренот на Индијана, каде Пејсерс сезонава немаат пораз во плејоф натпреварите.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни