Поврзете се со нас

Франција

Братот на Погба и уште пет лица ќе одговараат пред судот за изнудувањето пари од фудбалската ѕвезда

Објавено

на

foto:twitter.com/juventusfcen

Еден од браќата на Пол Погба ќе одговара пред судот за случајот за изнудување пари од фудбалската ѕвезда, а судски процес за истото обвинение ќе има за уште пет лица.

Матијас Погба, кој и самиот беше фудбалер но во многу помали клубови, заедно со неколку познаници од детството на Пол, барал од тогашната ѕвезда на Манчестер Јунајтед да исплати 13 милиони евра како поддршка за групата, која наводно не добила никаква помош од фудбалерот откако тој почнал да заработува мултимилионски суми.

Судот закажал судски процес што значи дека шестмината обвинети се соочуваат со сериозни казни, при што изнудувањето пари го комбинирале со насилни методи и обид за киднапирање.

Самиот Пол Погба го пријавил случајот во полиција, откривајќи го идентитетот на сите членови на групата предводена од неговиот брат, потврдувајќи и дека веќе им исплатил 100.000 евра за истата цел.

Случајот со браќата Погба ескалираше откако Матијас јавно се закани дека ќе открие многу експлицитни детали од животот на својот брат, неговата агентка Рафаела Пимента и Килијан Мбапе.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни