Братот на Меси се спасил од затвор

messi

Братот на најголемата ѕвезда на Барселона, Лионел Меси, повторно имал проблеми со законот и добил и затворска казна која на крајот е преформулирана.

Матијас Меси добил 2,5-годишна затворска казна поради нелегално поседување огнено оружје, но нема да заврши зад решетки, откако постигнал договор да добие друг тип на казна, односно извршување општествено-корисна работа.

Оружјето било пронајдено откако Матијас имал судир со својот брод на реката Парана и завршил со повреди во болница. Полицијата не го уапсила бидејќи се рехабилитирал во болница откако имал неколку скршеници, а подоцна бил пуштен на домашно лекување бидејќи неговите адвокати успеале да постигнат договор со обвинителството. Неговите адвокати демантирале дека во бродот на Матијас Меси било пронајдено некакво оружје.

Facebook Коментари