Поврзете се со нас

Шпанија

Братот на Крос: Модриќ се плашеше да му постави едно прашање на Тони

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Феликс Крос традиционално го води својот подкаст од кој најчесто е дел и неговиот далеку пославен брат Тони, а главна тема на разговор на последното издание беше најавеното повлекување на неверојатниот играч за врска.

Тони реши да стави крај на својата играчка кариера и да се пензионира на само 34-годишна возраст, па иако во наредниот период ќе одигра уште неколку натпревари, пикантериите за периодот во кој ја држеше јавноста во неизвесност сега стануваат се поинтересни.

Крос долго го провлекуваше прашање за својата иднина и не можеше да донесе лесна одлука, но на крајот реши дека е време да стави крај на фудбалското патување кога е во најдобра можна форма.

Голем дел од неговите соиграчи не можеа да ја сфатат одлуката која ја донесе, а во тој ред на фудбалери е и Лука Модриќ кој имал интересна конверзација и со Феликс Крос.

– Лука ми откри дека цело време се плашел да му постави едно прашање на Крос. Ми порача дека не се осудувал да го праша Тони за неговата иднина, бидејќи се плашел од одговорот кој ќе го добие. Се плашел да го праша Тони што ќе прави следната сезона. Лука беше навистина многу тажен за одлуката која ја донесе и ми порача дека Тони многу ќе му недостасува. Лука беше погоден и донекаде ја сфати одлуката на Тони, но никако не можеше да поверува дека ја носи во оваа фаза од кариерата, – открива Феликс Крос.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни