Поврзете се со нас

Свет

Братот на Гарначо го подбра Фердинанд за информацијата за Меси: Престани да измислуваш работи…

Објавено

на

Талентираниот Алехандро Гарначо е еден од играчите за кој доста се зборува изминативе денови, а причината за тоа е сензационалиот погодок што го постигна на средбата против Евертон во Премиер лигата.

Офанзивецот со страшни „ножички“ го матираше Пикфорд, поточно постигна гол со кој може ја одбележи сезоната, гол кој ќе се врти сега, во блиска и во подалечна иднина.

Во меѓувреме додека Аргентинецот е актуелен, поранешниот англиски репрезентативец Рио Фердинанд излезе со една вест која експресно се прошири, а се однесува на Гарначо и Лионел Меси.

Рио истакна дека Меси му се налутил на сонародникот затоа што негов идол е Кристијано Роналдо и поради тоа го отпратил на Инстаграм .

Рио Фердинанд откри дека Меси не поднесува еден аргентински фудбалер, а причината е Роналдо

Ова стигна до братот на фудбалерот на Јунајтед, Роберто кој му одржа лекција на Фердинанд.

-Ова е лага. Меси никогаш не го следел. Престанете да измислувате работи само за да создадете омраза, Гарна [Алехандро Гарначо] ги сака и им се восхитува на двајцата и сите вие се обидувате да создадете ривалство, -порача Роберто на што стигна одговор од Рио.

-Брат, тоа беше сарказам-

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни