Поврзете се со нас

Италија

Бранка открива: Бесот на Пандев му помогна на Интер да освои триплета

Објавено

на

Интер утре ќе одбележи десет години од освојувањето на последната титула во Лигата на шампионите, а дел од тој успех беше и македонскиот репрезентативец Горан Пандев.

Тогашниот тренер Жозе Мурињо го ангажираше Пандев во зимскиот преоден рок, а тој со своите настапи му помогна на италијанскиот тим да стигне до триумф во најелитното европско натпреварување, па и до тројната круна таа сезона.

Спортски директор во тие моменти беше Марко Бранка, а тој се потсетува дека не било случајно што Пандев одиграл одлична полусезона, затоа што дошол бесен од таборот на Лацио каде имаше сериозни проблеми со претседателот Клаудио Лотито.

– Пандев беше заинтересиран за трансфер во Интер уште во јуни, но ја искористивме таа опција дури во јануари. Дојде во Милано бесен поради статусот кој го имаше во Лацио, каде не играше последните седум месеци, а на теренот тоа имаше позитивно влијание врз тимот и тој беше важен играч за нас, – изјавил Бранка.

Интересно, Италијанецот вели дека Интер таа сезона имал неколку фудбалери кои биле разочарани од претходните тимови, вклучувајќи ги Тиаго Мота, Снајдер, Лусио, па и Ето, од кого Барселона се откажа за да го добие Ибрахимовиќ.

Интер во финалето на 22 мај, 2010 година го победи Баерн Минхен со 2:0, а Пандев играше до 79. минута на „Сантијаго Бернабеу“.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни