Поврзете се со нас

Шпанија

Браќата Вилијамс блескаа, Билбао е вториот финалист во Купот на Шпанија (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:twitter.com/AthleticClub

Атлетик Билбао го разби Атлетико Мадрид со 3-0 во вториот меч од полуфиналето на Купот на Шпанија, односно со вкупни 4-0 обезбеди пласман во големото финале на ова натпреварување.

Домаќините водени од браќата Вилијамс знаеја да ги искористат шансите и да дојдат до резултат, конечна победа во оваа пресметка и со тоа да закажат борба со Мајорка за трофејот во Копа Дел Реј.

Првите два гола беа во режија на Нико и Ињаки Вилијамс, поточно двајцата забележаа по еден гол и асистенција во 13 и 42 минута.

Точка на оваа партија стави Гурузета во 61 минута.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни