Поврзете се со нас

Македонија

Браќата Станковски го решија Пелистер, Работнички се поблиску до Европа

Објавено

на

Работнички бележи неверојатен напредок под водство на повраникот Влахо и тимот кој во првиот дел од сезоната беше во долниот дел од табелата, сега е само на два бода од третото место на табелата и борбата за излез во Европа.

„Романтичарите“ покажаа сила на домашен терен во дуелот со кој беше отворено 26-то коло во Првата македонската фудаблска лига, а прашањето околу победникот во пресметката со Пелистер беше решена уште во првото полувреме.

Браќата Марио и Лука Станковски постигнаа голови за водство од 2:0 по 45 минути игра, додека во вториот дел, стана јасно дека бодовите остануваат во Скопје откако Јевтовски зголеми на 3:0 по 20 минути игра.

Валентин Кочоски во последната минута од регуларниот дел намали на 3:1 и се избори за почесен гол за гостите од Битола кој остануваат на седмата позиција со 32 поени.

Од друга страна, Работнички со новите три бода изби на четвртото место на табелата, два помалку од Македонија која е на третата позиција.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни