Поврзете се со нас

Македонија

Браќата Њокас претставени во Скопје: Советот од Лазаров ни помогна да дојдеме тука!

Објавено

на

Металург денеска ја официјализира ракометната „бомба“ која ја најавија француските медиуми, бидејќи ова попладне ги претстави прославените браќа Њокас како нови играчи на тимот од Автокоманда за наредните две сезони.

Легендарните ракометари кои долги години беа и француски репрезентативци се првите играчи од оваа земја кои го облекуваат дресот на Металург, а во наредните две сезони повторно ќе играат заедно за првпат по нивната заедничка авнатура во ПСЖ на почетоците на кариерите.

Кевин и Оливие Њокас се браќа близнаци и ќе донесат огромен плус за развој на македонската ракометна лига, а истовремено се потврда за фантастичниот проект кој го има Металург.

– Навистина сме среќни што сме овде. Исто така, го прашав за совет мојот соиграч Кирил Лазаров и од него добив само убави зборови за Металург. Тоа олесни да донесеме одлука, да го избереме Металург. Со месеци преговаравме, но од првиот момент имаше добро претчувство и затоа сега сме тука, – изјави соиграчот на Лазаров од Нант, Оливие Њокас.

– Игравме заедно пред 16 години во Париз и ова ни е втора можност повторно да играме заедно на професионално ниво. Мотивот е голем и имаме желба за докажување. Целите кои си ги имаме поставено се навистина високи, – изјави Кевин Њокас.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни