Поврзете се со нас

Мото ГП

Браќата Маркез ќе бидат тимски колеги само оваа сезона: Хонда ангажираше нов возач за наредната година

Објавено

на

blank

По крајот на минатата натпреварувачка сезона, Хонда испорача „бомба“ во јавноста и ги спои браќата Маркез во ист тим, но во ситуација кога новата сезона беше одлжена поради коронавирусот, Јапонците подготвија нов план за 2021-ва година.

Новата сезона ќе започне претстојниов викенд и двоец на Хонда до крајот на годината ќе бидат Марк Маркез и неговиот брат Алекс, со тоа што помладиот ќе мине само една година во фабричкиот тим.

Хонда ова попладне соопшти дека Пол Еспаргаро ќе биде тимски колега на светскиот првак Марк во 2021-ва година, додека Алекс Маркез од ХРЦ Хонда, ќе се префрли во сателитскиот тим, ЛЦР Хонда. Двата договори се во времетраење од две години, што значи дека Пол Еспаргаро по крајот на оваа година го напушта КТМ и се сели во Репсол Хонда, тим со кој на секоја трка ќе има највисоки цели.

– Во 2021-ва година ќе ја претставувам Репсол Хонда и ќе се обидам да докажам дека сум подготвен да се жртвувам а тимот. Знам дека ќе биде уште поинтензивно. Имам уште цела сезона во КТМ и ќе се обидам да бидам на нивото на кое фабриката заслужува, – порача Пол Еспаргаро.

– Горд сум што продолжувам во Хонда и што ја продолжуваме соработата. По крајот на оваа сезона, ќе му се приклучам на ЛЦР Хонда тимот и тоа ќе биде одлично искуство за мене. Благодарен сум за довербата која ја има Хонда во мене, – порача Алекс Маркез кој очигледно не е разочаран што своето место во фабричката Хонда мора брзо да го отстапи.

Реклама
Реклама
Реклама

Facebook

Популарни