Браќата Карабатиќ ги дознаа своите „жестоки“ казни за скандалот со обложување

nikola-luka-karabatic

Никола и Лука Карабатиќ вчера го имаа последното сослушување по повод аферата за обложување на ракометни натпревари која стана актуелна уште во 2012 година, а ова попладне пристигна официјалното соопштение од страна на професионалната ракометна лига во Франција за казните кои им се доделени на двајцата репрезентативци.

Иако во еден момент од целиот овој случај се најавуваше дека двајцата можат да добијат жестоки и ригорозни казни кои негативно би се одразиле на нивните кариери, конечната пресуда звучи навистина смешно, и притоа предизвика многу комични наслови во Франција.

Лука Карабатиќ за скандалот за обложување е казнет со два натпревари кои всушност може да ги замени со општествено корисна работа од 20 часа, додека неговиот попознат и поуспешен брат доби за нијанса „пожестока“ суспензија. Вкупната казна на ѕвездата на ПСЖ од страна на дисциплинскиот комитет изнесува шест натпревари, со тоа што истата може да се намали на четири доколу се одлучи за 20-часовна општестевна работа како и неговиот брат.

Во соопштението се вели дека двајцата имаат право да испратат жалба на оваа одлука во наредните седум дена, но повеќе од јасно е дека нема да има такво нешто со оглед на тоа што Никола и Лука поминаа многу лесно со оглед на почетните најави за нивно долгорочно суспендирање.

Facebook Коментари