Браќата Далаго доминираа на првата трка во Јуденбург

Photo credit: Joerg Mitter / Red Bull Content PoolPhoto credit: Joerg Mitter / Red Bull Content Pool

Поранешниот светски шампион Марко Далаго од Австрија ја отвори зимската сезона во стил, со победа на возбудливото финале во Јуденбург во саботата, пред неговиот помлад брат Лука и чешкиот лизгач Мајкл Урбан. Во женската трка, актуелната шампионка Аманда Трунзо од САД беше поразена на фер начин од швајцарската лизгачка Анаис Моран.

– Се чувствувам возвишено. Оваа победа беше навистина неочекувана зашто бев многу изморен од работа. Првата трка секогаш е под знак прашалник, но очигледно тренингот излезе добро, па не можам да бидам посреќен,- рече шампионот од 2014 по осмата победа во неговата кариера, која му ги донесе првите 500 поени во новата сезона. Во финалето прво водеше Урбан, кој имаше одличен старт, но Марко потоа успеа да го престигне во долгиот среден дел, благодарениете на неговата супериорна лизгачка вештина. Лука им се придужи на најдобрите на второто место, со тоа што го престигна Урбан во последниот свиок и забрза на нагорнината до целната линија.

Браќата Далаго беа очигледни фаворити на домашен терен, благодарение на отсуството на актуелниот шампион, Американецот Камерон Неш, како и браќата Кроксал од Канада, на оваа прва трка од најбрзиот спорт на лизгалки во светот. Тие исто така ја искористија и прераната елиминација на францускиот шампион Тристан Дужерди во четвртфиналето, па сега се предводници на светското првенство Red Bull Ice Cross пред трката во Пра-Луп на јужните француски Алпи на 11 Јануари.

Во женското натпреварување, Швајцарката од лесна категорија, воедно поранешна натпреварувачка во уметничко лизгање, Анаис Моран, имаше чудесен старт и излезе пред актуелната шампионка Трунзо за да го преземе водството и да го задржи до самата целна линија. На патот до нејзината четврта победа во Ice Cross, таа победи во нејзината четвртфинална и полуфинална група, како никогаш да немало летна пауза. На третото место на подиумот се искачи локалната хероина Вероника Виндиш, пред 18-годишната сензација од Латвија, Јустине Зоне.

Последна, но не и најмалку важна, и јуниорската трка беше еден братски настан, со Французите Артур и Тео Ришале – Шодер, кои се квалификуваа во фналето. И двајцата мораа да ја прифатат супериорноста на доминантниот 20-годишен Тутариков, кој беше нетрпелив да ја освои својата прва победа на највисокото ниво од натпреварувањето Ice Cross.

Во последниот пресврт од календарот за 2019/2020, во Јуденбург е потврдена локацијата за уште една јапонска етапа од светското првенство Red Bull Ice Cross, на 1 февруари, Нагано ќе биде домаќин на првиот настан од ATSX 250. Ова ќе биде одлична генерална проба за големиот јапонски настан оваа зима: настанот ATSX 1000 закажан за 15 февруари во Јокохама.

Резултати (мажи): 1. Марко Далаго (Австрија), Лука Далаго (Австрија), 3. Мајк Урбан (Чешка), 4. Герман Титов (Русија), 5. Денис Новожилов (Русија), 6. Килиан Браун (Швајцарија), 7. Мајкл Јулијанело (САД), 8. Вацлав Коснар (Чешка).

Резултати (жени): 1. Анаис Моран (Швајцарија), 2. Аманда Транзо (САД), 3. Вероника Виндиш (Австрија), 4. Јусине Зоне (Латвија), 5. Жаклин Лежер (Канада), 6. Малгоржата Синовјец (Полска), 7. Амандин Кондројер (Франција), 8. Викторија Сенотрусова (Русија).

Резултати (јуниори): 1. Егор Тутариков (Русија), 2. Артур Ришале-Шодер (Франција), 3. Тео Ришале-Шодер (Франција), 4. Филипе Карвалхеиро (Швајцарија), 5. Жилом Либер (Франција) 6. Линус Оликаинен (Финска), 7. Владислав Иванов (Русија), 8. Лееви Накари (Финска).

Facebook Коментари