Браќата Брајан најавија крај на тениските кариери исполнети со рекорди

bryan-bros

Мајк и Боб Брајан формираа тениски дубл, кој подоцна ќе се покаже не само како трофеен, туку и најуспешен во оваа конкуренција во историјата на тенисот.

Американците денеска најавија дека Ју-Ес Опен следната 2020 година ќе биде нивниот последен турнир на турот, по што заминуваат во заслужена пензија.

Браќата Брајан имаат рекордни 16 грен-слем титули во машки дубл, вкупно освоија 118 турнири, 438 недели биле на врвот на АТП ранкингот за двојки, а имаат и олимписко злато.

Близнаците имаат уште едно фантастично постигнување, а тоа е фактот што од Ролан Гарос во 1999 година до Аустралијан Опен во 2018 година настапија на 76 грен-слем турнири по ред, серија која тешко дека некој ќе успее да ја надмине.

Facebook Коментари