Брајтвајт за деновите минати во инвалидска количка и својот голем идол од Реал: Ги студирав неговите движења!

martin-brajtvajt-profil

Мартин Брајтвајт имаше фантастично деби на „Камп Ноу“ бидејќи за кратко време учествуваше во два гола на својата Барселона, а судбината посака негов втор меч во Примера како член на каталонскиот гигант да биде против Реал Мадрид.

Брајтвајт направи интервју со официјалниот телевизиски канал на Барселона и говореше за своите тешки фудбалски почетоци и чудниот пат кој го донесе до „Камп Ноу“, вклучувајќи ги и најтешките моменти од животот кога цели две години ги минал во инвалидска количка.

– Морав две години да бидам во инвалидска количка поради болест на колкот. Морав цело време да одморам и не смеев да одам. Не смеев да правам притисок врз нозете. Бев доста млад и тоа беше навистина многу тежок период за мене, – открива последното засилување на Барса кое во интервјуто открива дека негов голем идол бил легендарниот центарфор на Реал Мадрид, Роналдо Назарио.

– Ја студирав неговата игра, сите негови движења. Се што правеше на теренот беше неверојатно. Немаше фудбалер како него и сакав да ги копирам неговите движења, – признава Брајтвајт кој во продолжение се огласи и за претстојното „Ел Класико“ на „Бернабеу“.

– Тоа ќе биде фантастично искуство за мене. Тоа е најважниот меч и цел свет го гледа тоа. Ќе има голема тензија и интензитет, едвај чекам да добијам шанса, – заврши Данецот.

Facebook Коментари