Поврзете се со нас

Европски првенства

Брајтвајт со емотивна исповед: Во еден момент го погледнав Ериксен и тој беше мртов, таа слика…. (Видео)

Објавено

на

Европското првенство кое се одигра оваа година ќе се памети по извонредната игра и освоената титула на Италијанците, но и по страшниот момент кој ги скамени сите искрени фудбалски фанови уште во воведната рунда.

На натпреварот против Данска и Финска, срцето на Кристијан Ериксен престана да работи во еден момент и тој се струполи на земјата, па сите бевме сведоци како фантастичниот играч за врска беше спасен од смрт со брзата реакција на лекарите кои буквално го вратија во живот.

Непријатните сцени ја потресоа цела светска спортска јавност, па сега во ситуација кога Кристијан е далеку подобар и се прават анализи за тоа дали ќе може да му се врати на фудбалот, данската телевизија објави материјал посветен на турнирот. Во истиот, прикажана е реакцијата која ја имал Мартин Брајтвајт непосредно по запрепастувачката сцена на „Паркен“ стадионот, а фудбалерот на Барселона во своето обраќање вели дека видел како неговиот соиграч е мртов.

– Доживеав една од најужасните ситуации во мојот живот. Тоа што требаше да биде најголем спортски настан во данската историја, се претвори во кошмар. Тоа што се случи таа ноќ потресе многу луѓе. Во еден момент го погледнав и тој беше мртов. Кога гледате во тело и гледате дека човек е мртов, тогаш немате никаков сомнеж. Веднаш знаете што се случува, тоа е она што јас го видов.

– Кога го видов тоа, веднаш почнав силно да се молам, сметав дека тоа е единственото што можам да го направам во тој момент, да се свртам кон Бог. Сите доктори беа до него и таа слика не би му ја посакал на никој. Се заврши на добар начин, Кристијан е добро и стабилно и тоа е она што сите го сакавме и го посакувавме, – вели Брајтвајт во видеото кое го објави данската телевизија, а кое е посветено за патот кој го имаа Данците на Европското првенство.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни