Поврзете се со нас

Англија

Брајтон во преговори со менаџер кој ќе стане најмлад предводник на тим во историјата на ПЛ

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/OfficialBHAFC

Заминувањето на Роберто Де Ѕерби го стави Брајтон во ситуација да бара решение за менаџерската позиција, а сега најблиску до тоа место е Фабијан Хурцелер.

Се работи за актуелниот тренер на Ст. Паули, 31-годишен стручњак кој успеа да ја врати оваа екипа во првата Бундеслига по 13 години и стана интересен за поголемите клубови.

Хурцелер добил дозвола од германскиот клуб да преговара со Брајтон, а премиерлигашот веќе обезбедил и работна дозвола за тренерот кој е роден во САД.

Доколку биде постигнат договор, Хурцелер ќе стане најмлад менаџер откако е формирана Премиер лигата во 1992 година, а ќе има повозрасни фудбалери и во тимот кој би го водел.

Претходно, Брајтон на 18. мај потврди дека Де Ѕерби заминува од клубот по две сезони.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни