Поврзете се со нас

Англија

Брајтон собра голем германски талент, на ред е француски фудбалер за 40 милиони фунти

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/OfficialBHAFC

Брајтон успеа да ангажира еден и да се приближи блиску до трансфер на уште еден талентиран фудбалер, додавајќи значителен квалитет во својот ростер пред самиот почеток на новата сезона.

„Галебите“ ќе потрошат сериозни 65 милиони фунти за овие два трансфера, но се чини дека екипата ќе добие интересни опции во Брајан Груда и Жоржинио Рутер.

Официјален е трансферот на Груда, талентиран германски фудбалер за кој на Мајнц ќе му бидат платени 25 милиони фунти и играч од средниот ред кој допрва ќе го потврди својот потенцијал на европската фудбалска сцена.

20-годишниот Груда доаѓа на барање на менаџерот Фабијан Хурцелер кој очигледно добро ги познава неговите квалитети, а за овој фудбалер се шпекулираше дека е пред трансфер во Баерн Минхен. Тренираше и со германската репрезентација пред ЕП, а ги загуби шансите да биде повикан за турнирот поради повреда заработена за време на подготовките.

Брајтон е блиску до формализирање на трансферот и на Рутер, напаѓач кој има 22 години и настапува за Лидс Јунајтед. Премиерлигашот ја активирал откупната клаузула тешка 40 милиони фунти и Лидс не може да го спречи трансферот, а интересно и тој настапуваше во Бундеслигата, односно во редовите на Хофенхајм од каде минатото лето се пресели на „Иланд Роуд“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни