Поврзете се со нас

Англија

Брајтон со голем пресврт до прва историска победа над Сити во ПЛ (ВИДЕО)

Објавено

на

Фудбалерите на Брајтон дојдоа до прва историска победа над Манчестер Сити во Премиер лигата.

Новиот англиски шампион поведе на самиот старт преку Гундоган, но веќе во 10. минута остана со играч помалку откако директен црвен картон заработи Кансело. Меѓутоа и покрај тоа што играа со 10 фудбалери успеаа да го зголемат водството на 2-0 преку Фоден во 48 минута.

Домаќините и покрај негативата не се предаваа и водени од навивачите направија чудесен пресврт во продолжението, пресврт кој го најави Тросар во 50 минута. Во преостанатиот дел погодија уште Вебстер и Бурн за конечни 3-2.

Брајтон со 41 бод е на 15. позиција, Сити со 83 е на првото место.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни