Англија
Брајтон одбил атрактивна понуда од тимот на Роналдо

Раковдството на Брајтон добило богата понуда од Саудиска Арабија за еден фудбалер, но решило да ја одбие.
Ал Наср сакал да го ангажира крилниот напаѓач Каору Митома и за него клубот од Саудиска Арабија понудил дури 65 милиони евра, но барем засега „галебите“ не се согласиле на разделба со Јапонецот.
Клубот во кој настапува Кристијано Роналдо активно се засилува во овој преоден рок, а сумата од 65 милиони евра би донела голем профит за Брајтон со оглед на првичната инвестиција во играчот кој дојде од Кавасаки во 2021 година.
Но, со оглед на фактот што клубот нема проблем со финансискиот фер плеј, и самиот Митома не инсистирал на разделба, засега фудбалерот ќе остане во Премиер лигата.
Во овој преоден рок, Ал Наср веќе пазареше во Премиер лигата, обезбедувајќи го потписот на Џон Дуран од Астон Вила за сума која надминува 80 милиони евра.
-
Лига на шампиони23 часа
Гвардиола и Анчелоти одбраа: Валверде почнува како десен бек за Реал, Пеп изненади со изборот за играч за врска (ФОТО)
-
Англија24 часа
Сколс за премиерлигашката ѕвезда: Тој треба да оди во подобар и поголем клуб од Арсенал
-
Лига на шампиони20 часа
Фуриозна кралска завршница: Реал со пресврт до голема победа на „Итихад“ (ВИДЕО)
-
Лига на шампиони8 часа
Навивачите на Сити открија дека зајадливата порака не била наменета за Винисиус, туку за друг член на Реал (Фото)
-
Лига на шампиони10 часа
Винисиус по МВП изданието: Морам да разговарам со Флорентино
-
Италија8 часа
Пандев кратко го искоментира враќањето на Елмас во Серија А
-
Англија9 часа
Руни ја потенцираше големата јануарска трансфер грешка на Гвардиола: Навистина чуден потег
-
Лига на шампиони19 часа
Куртоа: Заслуживме да победиме, ова е духот…