Англија
Брајтон му зема мерка на Јунајтед, Тотенхем и Сити со пресврти до важни победи (Видео)

Манчестер Јунајтед уште еднаш ги разочара фановите и тоа со пораз на домашен терен од Брајтон (1:3), што само дополнително го зголемува притисокот над менаџерот Ерик тен Хаг, кој и онака беше цел на многу критики од почетокот на сезоната.
Шампионот Манчестер Сити мораше да прави пресврт, но го победи Вест Хем во Лондон, а Тотенхем направи неверојатен пресврт во завршните моменти од средбата против Шефилд Јунајтед на домашен терен.
Брајтон поведе преку Велбек, Грос зголеми во вториот дел, а Жоао Педро зголеми на 0:3 за многу непријатна ситуација на „Олд Трафорд“, која во продолжение Межбри не успеа премногу да ја неутрализира со погодок за 1:3.
Сити со истиот резултат го победи Вест Хем, а головите ги постигнаа засилувањето Доку, како и Силва и Халанд, чиј ефект донесе важни три бода за гостите од Манчестер.
Тотенхем предизвика вистинска еуфорија пред своите навивачи, кои веќа беа соочени со шокантен пораз од Шефилд на домашен терен. Ришарлисон во 98. минута израмни, а три минути подоцна Кулушевски донесе целосен пресврт за победа од 2:1 за лондонскиот состав.
🚨 GOAL | Tottenham 2-1 Sheffield United | Kulusevski
Follow our partner page@ocontextsoccer pic.twitter.com/853jA4dT9v
— VAR Tático (@vartatico) September 16, 2023
-
Шпанијапред 18 часа
Анчелоти за партијата на ветеранот: Имаше лош меч, но немој да го вперувате прстот кон него!
-
Англијапред 19 часа
Мадисон му испрати „отровна стрела“ на Сака по крајот на тензичното дерби (Видео)
-
Италијапред 15 часа
Капитенот на Наполи избра страна по конфликтот меѓу Осимен и Гарсија
-
Шпанијапред 19 часа
Мората потсети на една незаборавна изјава на Чоло откако му даде два гола на Реал: Дечињата од Мадрид…..
-
Италијапред 18 часа
Мурињо: После ова што го видов, веќе никогаш нема да кажам лош збор за „Олимпико“
-
Италијапред 20 часа
Наполи продолжи да губи бодови, Де Лаурентис се јави со интересна реакција
-
Англијапред 20 часа
Покетино по новата катастрофа на Челси: Ни недостасува само едно нешто
-
Англијапред 20 часа
Менаџерот на Лидс покажа како се „лепи“ топка, навивачите збеснаа на трибините (ВИДЕО)