Поврзете се со нас

Англија

Брајтон им порача на фановите да не легнуваат рано, па потврди нов клупски трансфер рекорд

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/OfficialBHAFC

Премиерлигашите не ја кријат својата финансиска моќ и во овој летен преоден рок, па и Брајтон може да си дозволи да потроши над 50 милиони фунти во период од една недела.

„Галебите“ доцна синоќа им порачаа на фановите се уште да не си легнуваат, за нешто подоцна преку социјалните мрежи да го потврдат трансферот на талентиран француски фудбалер.

Се работи за 22-годишниот Жоржинио Рутер, кој доаѓа од редовите на Лидс Јунајтед и со Брајтон ќе потпише петгодишен договор.

За Рутер се платени 40 милиони фунти, што е нов клупски трансфер рекорд за актуелниот премиерлигаш.

Французинот се збогуваше со Лидс иако таму пристигна во јануари минатата година, а досегашниот клуб нема да оствари голем профит бидејќи за Рутер во 2023 година му плати 36 милиони фунти на бундеслигашот Хофенхајм.

Откако објави видеа и фотографии со Рутер во сино-бела комбинација, Брајтон им порача на фановите дека веќе можат да си легнуваат.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни