Поврзете се со нас

Англија

Брајтон го исфрли Челси од ФА Купот (ВИДЕО)

Објавено

на

foto: x.com/JacobsBen

Екипата на Брајтон ја доби пресметката со Челси со 2-1 во рамките на 4. рунда во англискиот ФА Куп.

Домаќините пред своите гледачи на „Амекс“ успеаа да се изборат за големо славје и елиминација на противникот од ова натпреварување иако самиот старт на натпреварот беше многу лош за нив со катастрофалната реакција на Вербруген во 5 минута кога си ја смести топката во својата мрежа.

Сега Брајтон вистински одговори и во 12 минута го изедначи резултатот. Овие 1-1 беа активни се до 57 минута кога Митома одлично се снајде и го матираше Челси за огромно славје на домашните поддржувачи и симпатизери.

Потоа немаше други промени, голови, па Брајтон продолжува во осминафиналето, додека четата на Мареска остана без уште една можност за трофеј во тековнава сезона.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни