Поврзете се со нас

Италија

Браида за најавениот нов тренер на Милан: Резултатите зборуваат за неговото минато

Објавено

на

foto: x.com/SerieA_EN

Милан останува да се бори на два фронта до крајот на оваа сезона и тоа во Серија А и Купот на Италија, натпреварувања во кои екипата ќе треба да забележи резултати кои треба да помогнат да се остварат основните цели или во спротивно повеќе од јасно е дека тоа ќе биде крај за тренерот Сержо Консеисао.

Консеисао му го донесе на Милан пехарот во Супер Купот на Италија, меѓутоа тој е најмалку важен и на клубот му е потребно до крајот да биде пред се одличен во шампионатот и да проба да обезбеди пласман во ЛШ или во најмала рака Лига Европа.

Конкуренцијата е жестока и постои можност „црвено-црните“ да останат со празни раце, па веќе има листа од неколку имиња кои од лето можат да седнат на жешкото столче. Еден од нив е Масимилијано Алегри, човек кој е супер успешен во Италија, па Ариедо Браида како некогашен извршен директор и спортски директор смета дека тоа може да биде идеално решение.

-Резултатите зборуваат за неговото минато. Алегри победи во првата година со нас, а потоа можеше да се повтори неколку пати во Јувентус. За иднината, само времето ќе покаже. Макс, сепак, има добра предност: тој веќе ги познава Милано, Миланело и околината. Макс веќе го доживеа целиот притисок, култура и очекувањата на навивачите на клуб како Милан. И по една сезона со двајца различни тренери кои се мачеа да се измерат на клупа како Милан за прв пат, неговото искуство би било гаранција -вели Браида кој исто така говореше и за можноста Фабио Паратичи да биде нов оперативец на великанот.

-Тој (Алегри) добро ги познава и двајцата. Фабио помина години во Јуве, а исто така стекна искуство во странство во Тотенхем. Не доаѓате или останувате на одредени нивоа случајно. Игли (Таре) од друга страна, придонесе за добрите резултати на Лацио и покажа дека е паметен со своите одлични сознанија. Тоа се две имиња кои ги ценам, -рече Браида.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни