Шпанија
Браида: Го понудив Халанд на Барса уште додека беше во Норвешка, но добив категорично „НЕ“

Ариедо Браида беше генерален директор на Милан речиси три децении и како искусен фудбалски работник потоа беше и советник за млади таленти во Барселона, клуб кој сепак не послушал еден негов интересен предлог, кој сега се покажува како голема утка од страна на луѓето задолжени за регрутирање на странски фудбалери.
Браида беше советник во Барселона во времето на Бартомеу и беше задолжен за препознавање на млади фудбалски таленти, а како скаут кој има добро око, го предложил младиот Ерлинг Халанд кој се уште бил во Норвешка.
Италијанецот го следел Халанд на натпревар за младинската селекција на Норвешка, па како вљубеник на стариот фудбалски стил со класични „деветки“, тој веднаш бил воодушевен од корпулентниот напаѓач кој бил повисок од своите врсници.
– Кога јас го гледав Халанд, тој уште беше во Норвешка и играше за младинската селекција. Отсекогаш ми се допаѓале такви фудбалери, напаѓачи со таков профил.
– Веднаш им кажав на Барселона дека имам играч со голема фудбалска проекција голем потенцијал, но ми рекоа дека таков стил на играч не прилега за Барселона. Беше категорично „НЕ“, ми порачаа дека Барселона бара играчи со други карактеристики, – открива Браида за „Мундо Депортиво“.
-
Пливањепред 22 часа
Романски тинејџер го собори светскиот рекорд на 100 метри слободен стил
-
Англијапред 23 часа
Голманот на КПР донесе голем бод со гол во последните секунди (Видео)
-
Светпред 20 часа
Роке, Роке, Роке: Санта Круз е мајстор и на 40 години (Видео)
-
Репрезентацијапред 14 часа
Голем успех за момците на Стојановиќ: Кадетите го освоија ЕХФ шампионатот во Рига
-
Англијапред 23 часа
Невил: Глејзер под итно да се појави во Манчестер, клубот скапува
-
Англијапред 13 часа
Кејн го замолкна „Стемфорд Бриџ“ во 96. минута, Конте и Тухел режираа срам за Премиер лигата (Видео)
-
Шпанијапред 9 часа
Алаба влезе во игра и со првиот допир со топката изведе ремек-дело (Видео)
-
Англијапред 21 час
Рио Фердинанд за колапсот на Јунајтед: Веќе не можам да ги тролам ни фановите на Арсенал