Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Брахим по победничката минијатура на „Бернабеу“: Овој тим прави проблеми во секој момент

Објавено

на

Foto:x.com/realmadrid

Брахим Дијаз со својата минијатура во шеснаесетникот на Атлетико ја направи главната разлика во второто полувреме, момент кој се покажа како клучен за победа на Реал во големото мадридско дерби во Лигата на шампиони.

Во еден израмнет и доста динамичен натпревар, магијата на Брахим донесе мала предност за „кралевите“ во пресрет на реваншот кој се игра наредната недела, натпревар на кој и дефинитивно ќе дознаеме кој тим ќе патува во четвртфиналната фаза.

Како херој на мечот, Брахим прв излегол пред новинарите во микс-зоната и дал својата изјава за случувањата на „Бернабеу“, посочувајќи дека овој тим на Реал е способен да му наштети на противникот и во моменти кога не изгледа опасно.

– Играњето на „Бернабеу“ е нешто неверојатно, нешто уникатно. Кога го носите овој дрес, мора да дадете се што имате. Голот кој го дадов беше добар, на крајот испадна дека ни ја донесе победата. Бевме добро избалансирани во текот на целиот меч, имавме мал пад по нивниот израмнувачки гол, но овој тим во секој момент може да направи проблеми за ривалот.

– Реал е најголем клуб во светот, ова беше нова магична ноќ за нас на „Сантијаго Бернабеу“. Се останува отворено за реваншот, добро е што победивме дома, но ова не е завршено. Ова е Лига на шампиони и секој детаљ може да направи разлика, – изјавил Дијаз.

 

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни