Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Брахим му го посвети мајсторскиот гол на Симеоне: Зборувај сега…… (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/realmadrid

Брахим Дијаз со елегантни движења во шеснаесетникот ги збуни дефанзивците на Атлетико и потоа испорача неодбранлив удар во мрежата на Јан Облак, момент кој се покажа како пресуден за тесна и важна победа на Реал во пресрет на реваншот на „Метрополитано“.

Осминафиналната битка меѓу лутите градски ривали предизвика огромно внимание во Европа и вчера сите очи беа вперени на „Сантијаго Бернабеу“, каде присутните на трибините можеле да видат и една нервозна реакција од Брахим по постигнатиот погодок.

Специјализираните шпански емисии открија дека Дијаз својот мајсторски гол всушност му го посветил на Чоло Симеоне, за кого имал и специјална порака додека се враќал кон својата половина.

– Зборувај сега, збогувај сега……. Зборуваше вчера, ајде зборувај сега….., – во неколку наврати повторил фудбалерот на Реал Мадрид.

Оваа реакција на Брахим е резултат на изјавата која ја имаше Чоло Симеоне во најавата за дербито, бидејќи Аргентинецот порача дека не гледа како Дијаз би се нашол во стартната постава на Карло Анчелоти за првото дерби на „Бернабеу“.

Видеото погледнете го ТУКА

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни